Џим Готфридсон е МВП, во Ол-стар тимот се Вујовиќ, Абељо, Хансен…(ФОТО)

На последниот ден од Европското првенство во Унгарија и Словачка, но пред одигрувањето на натпреварите за медали, познат е ол-стар тимот.

Најкорисен играч на континенталниот собир е шведскиот среден бек Џим Готфридсон, кој одигра маестрално на полуфиналниот меч со Франција.

Најдобро лево крило на ЕП е Црногорецот Милош Вујовиќ, додека левиот и десниот бек доаѓаат од Данска, Хансен и Гидсел.

На десната страна Гомез Абељо немаше конкуренција, додека најдобар пикер е Јоханес Гола.

Најдобар плејмејкер е Лук Стеинс, а на голманската позиција доминираше Виктор Халгримсон од Исланд, додека најдобар дефанизвец е Бергендал од Шведска.