Џабе десет гола на Мркиќ

Тимот на Гереире Мало, каде што настапува македонската интернационалка Савица Мркиќ, по двете стартни победи, сега забележа втор пораз во серија.

Мало загуби на тешкото гостување кај составот на Одерцо во четвртото коло од италијанскиот шампионат со убедливи 32-24.

Мркиќ, како и на сите натпревари досега беше најефикасната ракометарка во нејзиниот тим и постигна десет погодоци, кои се покажаа недоволни за нешто повеќе.

Гереире Мало сега се најде на шестото место на табелата, а во следното коло ќе игра на домашен терен со составот на Ериче.