Ќе се продаваат билети: Дербито Вардар – Алкалоид за 50 и 100 денари

Од денеска ќе бидат пуштени во продажба билетите за дербито од 4 коло во машката Суперлигата меѓу Вардар и Алкалоид.

Во зависност од блоковите во салата, цените на билетите се 50 и 100 денари. Продажбата на билети ќе се врши онлајн (ТУКА) и преку продажната мрежа на МК Тикетс.

Натпреварот меѓу Вардар и Алкалоид е закажан за в сабота, 24 септември, во 18:30 часот во салата во СЦ „Јане Сандански”.

Двете екипи се со максимален учинок по три кола и имаат забележано по три победи досега во суперлигашкото друштво.