„Ќе ни биде потешко отколку во Битола“

Ракометарите на Еурофарм Работник ги очекува нов натпревар од Лигата на шампионите и гостување кај словачкиот првак Татран Прешов.

Татран ја забележа првата победа во ЛШ во Битола, а тренерот Славко Голужа тоа го прослави со солзи радосници. Тој очекува уште потежок натпревар в сабота во Прешов.

„Можеме да очекуваме уште потежок натпревар од оној што го игравме во Битолапротив Еурофарм Работник. Овој натпревар има исклучително важење за нас. Наша цел ќе биде да одиграме агресивна одбрана добра транзицијата до контра напад, но нема да биде лесно за нас. Тимот што ќе игра против Еурофарм Работник, без разлика кој ќе се појави на теренот, ќе мора да даде сè од себе“, изјави Голужа на пресот пред мечот.

Натпреварот меѓу Татран Прешов и Еурофарм Работник се игра в сабота со почеток во 18:00 часот.