Ќе игра финале на ЕП: За 24 часа настапи и за клубот и за репрезентацијата – најзаслужна е неговата девојка!

Шведскиот репрезентативец, Лукас Пелас беше дополнително повикан во репрезентациајта откако Швеѓаните останаа без неколку играчи кои добија позитивен резултат на тестирањето пред полуфиналето со Франција.

26-годишниот ракометар најпрво беше надвор од репрезентациајта заради проблеми со коронавирусот, сепак во четвртокот вечерта доби повик и веднаш тргна на пат. Но, Пелас немаше да успее да стигне во Будимпешта навреме да не беше неговата девјока Хана.

Швеѓанецот откако доби повик, одигра пријaтелски натпревар со својот клуб Монпелје против Истр и потоа замина за аеродромот во Лион. Но Пелас го заборавил пасошот во Монпелје, па неговата девојка мораше веднаш да се упати кон аеродромот за да може Пелас да отпатува на ЕП.

Левото крило откако забележа дека пасошот го заборавил веднаш ја исвестил неговата девојка Хана Едвинсон, која веднаш се качила на ноќниот автобус од Монпелје до Лион. Иако автобусот доцнел таа пристигнала неколку минути пред чекирањето и помогнала Пелас да отпатува на ЕП.

На полуфиналниот дуел Пелас беше еден од најзаслужните за победата на Шведска постигнувајќи седум гола. Во финалето Шведска за противник ќе ја има Шпанија.