Ќе биде пеколно во Пореч, Македонија против Хрватска пред полни трибини!

Со денешниот натпревар меѓу Хрватска и Македонија ќе започне традиционалниот турнир „Кроација Куп“.

Ракометниот сојуз на Хрватска денес објави дека двете репрезентации ќе играат пред полни трибини.

Сите билети за вечерашниот дуел меѓу избраниците на Кире Лазаров и ,,коцкестите” се веќе распродадени.

Цените на билетите беа од 10 до 20 евра. Салата ,,Жатика” во Пореч има капацитет за околу 3.700 навивачи.

Натпреварот меѓу Македонија и Хрватска ќе се одигра со почеток од 20:15 часот.