„Ќе биде интересно да се игра против новиот состав на Вардар“

Ракометарите на Вардар ги добија противниците во групната фаза во Лигата на шампионите за наредната сезона.

Меѓу нив е екипата на Елверум, тренерот на норвешкиот состав Борге Лунд ја коментираше ждрепката и очекувањата од наредната сезона.

„Без оглед на тоа каква е групата што ја добивме, сигурно пред нас е интересен и тежок предизвик. Сè уште ги немам разгледано составите на екипите после летните трансфери, но на прв поглед изгледа доста тешко. Вардар, Келце и останатите екипи во групата се многу силни, но и тие имаа потешкотии и свои предизвици. Ќе биде возбудливо да се видат составите на овие екипи, не е само Елверум тој кој ги менува играчите“, коментираше Берге Лунд.

Натпреварите во Лигата на шампионите започнуваат на 16 и 17 септември, а првот противник на Вардар ќе биде екипата на Мешков Брест.