Јуниор КВ остана со празни раце по гостувањето во Неготино

Откако во првото коло загуби на домашен терен од Куманово, Вардар Неготино не ја повтори истата грешка и во 3. коло од групата 1 во Првата лига го совлада тимот на Јуниор КВ со 28:27 пред своите гледачи.

Конечниот резултат е вистинска слика за тоа како се одвиваше натпреварот. Постојано изедначено со добри моменти на двете екипи и менување на водството. На полувреме домашниот состав имаше предност од 16:14.

Во почетниот дел од второто полувреме неготинчани успеваа да одржат гол-два предност но гостите беа на достижна негатива. Вардар Неготино направи серија од 3:0, па потоа возврати Јуниор КВ со иста мерка, а во последните минути од мечот подобро се снајдоа домашните и стигнаа до победата.

Најдобри во екипата на Вардар Неготино беа Ристо Трајковски и Ратко Вељанов со по шест гола. Интересно кај Јуноир КВ е тоа што само пет играчи ги постигнаа сите голови, а најмногу се истакна Кире Башевски со осум гола.