RUKOMET - Aleksandar Stanojevic, rukometas Srbije na revijalnoj utakmici protiv Slovenije. BGD, 28.12.2007. foto:N.Skenderija

Јуниор КВ има сериозни амбиции – носи поранешен играч на Металург!

Тимот на Јуниор Кисела Вода, кој претстојната сезона ќе го има дебито во суперлигашката конкуренција, веќе почна да работи на формирање на ростерот.

Поголем дел од играчите што го носеа дресот на Јуниор КВ ќе останат и следната сезона, а прво засилување за амбициозниот тим би требало да биде поранешниот српски репрезентативец Александар Станојевиќ.

Преговорите веќе се во тек, а доколку двете страни се договорат тоа би било враќање за Станојевиќ во македонскиот ракомет, откако претходно ги носеше дресовите на Металург и Пелистер.

Тој има 35 години и богата кариера зад себе што започна во Партизан, потоа играше Балинген, Гумерсбах и Вецлар во Бундес лига, ПСЖ, Горење, а последната полусезона ја одигра во Нови Пазар.