Јуначко срце не издржа – ракометарките со солзи во очите ја испеаја македонската химна (ВИДЕО)

Женската репрезентација на Македонија денеска го игра првиот натпревар од групната фаза на Европското првенство.

Пред стартот на мечот со актуелниот олимписки шампион Франција, беше интонирана македонската химна, која нашите девојки ја испеаја во еден глас и со солзи во очите.

СЦ „Борис Трајковски“ не е исполнет како што можеби се очекуваше пред стартот на ЕП, но и овие гледачи што се присутни сигурно со сите сили ќе навиваат за Македонија.

Погледнете како беше испеана хмната…