Јоновски и Лазаров ќе се борат за Трета Бундес лига

Оваа сезона во германските регионални лиги немаше натпревари поради актуелната ковид ситуација, но тамошната федерација објави дека ќе се играат квалификациски турнири за пласман ранг погоре.

На крајот на јуни (25-27), тимот на Ратинген, каде што тренер е Ацо Јоновски, а Филип Лазаров е активен играч, ќе се бори за промоција во Третата лига на Германија.

Иако сите германските клубови од пониските лиги имаа проблеми со финансиите за време на корона пандемијата, сепак Ратинген потврди дека ќе добие финансиска поддршка за настап ранг погоре.

Освен Ратинген, на турнирот за пласман во Третата Бундес лига, ќе играат Рајнхаузен и Тусем Есен 2, а ќе се игра секој со секого од петок до недела, односно 25 до 27 јуни. Тимот што ќе биде најдобар ќе обезбеди место ранг погоре.