Јоновски доби искусен играч: Французин ќе „диригира“ со одбраната на Ратинген

Екипата во која Ацо Јоновски е тренер, а Филип Лазаров настапува, во пресрет на наредната сезона донесе засилување од Франција со што го комплетираше ростерот.

Клубот го објави ангажирањето на поранешниот професионален играч Бастијан Арно кој во минатото има настапувано во повеќе клубови во Франција и Германија меѓу кои е и Ним. Во изминатите три сезони Арно го носеше дресот на Бергишер Пантер.

Раководството на Ратинген е задоволно од ангажманот на Французинот кој е специјалист за одбрана и голем борец. Арно во минатото беше дел од Ратигнен во сезоната 2016/17 и овој трансфер практично е враќање во позната средина.

„Понудите што ги имав на маса не беа интересни за мене и сопругата, затоа размислував да се откажам од играње. Тогаш ми се јави директорот и праша дали би сакал да играм повторно за Ратинген. Секогаш го следев клубот, а откако заминав гледав некои натпревари. Имаме одличен состав и се надевам дека конечно ќе се искачиме едно ниво повисоко. Со нетрпение ја очекувам новата сезона“, рече 35 годишниот ракометар по објвување на трансферот.

Арно е шестто засилување на Ратинген за наредната сезона. Претходно во клубот пристигнаа Роберт Маркотиќ, Денис Кариќ, Симон Цупински, Хендрик Сток и Патрик Руцки.