Јовиќ прозиваше, Еурофарм Пелистер 2 ги стартуваше подготовките

Хитот на есенскиот дел од сезоната во Суперлигата, Еурофарм Пелистер 2, ги стартуваше подготовките за пролетниот дел.

Тренерот Александар Јовиќ прозиваше попладнево во спортската сала „Боро Чурлевски“, а од неговиот стандарден ростер недостигаат репрезентативците Трајкоски и Кузманоски.

Дел од ракометарите ќе тренираат со првиот тим поради големиот број на репрезентативци што ги има тимот предводен од Жељко Бабиќ

Јовиќ најави два теста со македонски суперлигаши на крајот на месец јануари. Цел на екипата останува пласман во плеј-офот, што по залихата која ја имаат од есенските кола треба да биде лесно остварлива.