Јиха: Момците се бореа како лавови

Кил го победи Веспрем во возбдулив меч со 36-35 дури по продолженијата и обезбеди место во финалето на Лигата на шампионите.

Тренерот на „зебрите“, Филип Јиха, вели дека неговиот тим не се откажал од борба, дури и кога Веспрем направи огромен пресврт.

„Горд сум на мојот тим, игравме на највисоко ниво против екипа како Веспрем. Го знам овој настан во Келн и знам дека нема таков во ракометниот свет. Водевме со шест разлика, потоа Веспрем поведе со четири, моите ракометари малку паднаа, но продолжија да се борат како лавови и горд сум што сме во утрешното финале. Утре со сите средства ќе се бориме против Барселона. Веднаш после оваа прес конференција ќе ги започнеме подготовките за финалето“, вели Јиха.

Финалето меѓу Кил и Барселона се игра утре со почеток во 20:30 часот, додека мечот за третото место во „Ланксес Арена“ меѓу Веспрем и ПСЖ е на програмата од 18:00 часот.