Јиха: Видов два тима на исто ниво, но…

Европскиот шампион Вардар загуби убедливо на гостувањето кај бундеслигашот Кил со 34-23 во 11. коло во Лигата на шампионите. Иако домаќинот водеше во текот на целиот натпревар, вардарци не беа комплетно во подредена позиција во првиот дел и на стартот на вториот.

Победникот беше решен во последните петнаесетина минути, кога „зебрите“ ја направија големата разлика, а со тоа се согласува и тренерот Филип Јиха.

„Видов два тима на исто ниво на теренот, но во последните петнаесетина минути Вардар направи неколку грешки во нападот и ние преку контранапад постигнавме лесни голови и тука се реши победникот. Одличниот Ландин, дополнително ни помогна. Среќен сум што победивме силен тим како Вардар“, изјави Јиха.

Следниот натпревар Вардар ќе го одигра на домашен терен против украинскиот првак Мотор Запорожје на 15 февруари во Скопје.