Јануари беше месец на Домагој Дувњак

Најдобриот ракометар од последното Европско првенство, Домагој Дувњак доби уште едно признание, а тоа е за најдобар играч во јануари во Европа.

Европската ракометна федерација прави избор секој месец, а во јануари Дувњак беше едноставно без конкуренција, па сосема заслужено на крајот се најде на врвот односно пред Сагосен, Душебаев, Де Варгас и Ентрериос.

Дувњак имаше импресивни настапи, па сосема очекувано беше да дојде и до ова признание бидејќи едноставно беше пред колегите. Најблизу беше Сагосен, но откако Норвешка загуби во полуфиналето на Европското првенство од селекцијата на Хрватска сосема очекувано беше да дојде до ваков епилог при изборот на најдобар играч за јануари.

Во женска конкуренција наградата замина за Русија кај Елена Михаличенко, која настапува за тимот на Лада Тољати. Дамите во јануари имаа натпревари само во Купот на ЕХФ така што немаше многу конкуренција при изборот.

НАЈДОБРИ ЗА ЈАНУАРИ

МАЖИ

1.Домагој Дувњак (Хрватска/Кил)

2.Сандерс Сагосен (Норвешка/Кил)

3.Алекс Душебаев (Шпанија/Келце)

4.Гонзало Перез де Варгас (Шпанија/Барселона)

5.Раул Ентрериос (Шпанија/Барселона)

ЖЕНИ

1.Елена Михаличенко (Русија/Лада Тољати)

2.Ана Грос (Словенија/Брест)

3.Естевана Полман (Холандија/Есбјерг)

4.Нике Грот (Холандија/Одензе)

5.Надине Шацл (Унгарија/ФТЦ Раил Карго)