Јанеска му донесе триумф на Коњалти

Тимот на Коњалти, каде што настапува македонската интернационалка Моника Јанеска, забележа триумф во турскиот шампионат.

Коњалти славеше на домашен терен против поранешниот тим на Јанеска, Аксарај со убедливи 28-22, во натпревар од 7. коло.

Македонскиот бек беше меѓу најдобрите стрелци на теренот и успеа да постигне седум погодоци.

Во следното коло Коњалти ќе игра на гостински терен кај тимот на Сивас Беледијеспор. На табелата тимот на Јанеска во моментов се наоѓа на осмото место, но има одиграно два меча помалку од останатите.