Јанеска и Гакидова со Коњалти обезбедија четвртфинале во Европа!

Репрезентативката на Македонија, Моника Јанеска, како и повремената репрезентативка Ивана Гакидова, заедно со екипата на Коњалти обезбедија четвртфинале во Европскиот Куп.

Турскиот тим успеа во осминафиналето да ја елиминира екипата на Банефика од Португалија. Првиот натпревар, кој беше одигран минатиот викенд, заврши без победник, 35:35, додека на реваншот Коњалти обезбеди победа од 33:32, доволно за пласман меѓу најдобрите осум екипи во третото по ранг европско натпреварување.

Двете ракометарки од Македонија и на двата натпревари беа клучни алки во составот на Коњалти. Јанеска на дуелите против Бенфика постигна вкупно четири погодоци, а кружниот напаѓач Гакидова запиша пет погодоци.

Од претставниците од Македонија во Европскиот Куп најдалеку дотурка шампионот Ѓорче Петров, кој не успеа да се пласира во четвртфиналето, откако беше елиминиран од полскиот Јарослав.

Викендов беа одиграни и натпреварите од 11. коло во Лигата на шампионите во женска конкуренција, како и натпреварите од 2. коло од групната фаза во Лига на Европа.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 11. КОЛО

РЕЗУЛТАТИ

ГРУПА А

ФТЦ – КРИМ 37:26 (19:10)

БАЊИК МОСТ – БРЕСТ БРЕТАЊ 30:46 (14:22)

ЧСМ БУКУРЕШТ – ОДЕНСЕ 40:31 (21:11)

КРИСТИЈАНСАД – БИТИНГХЈАМ 34:32 (15:17)

ГРУПА Б

МЕЦ – БУДУЌНОСТ 29:23 (13:9)

ЕСБЈЕРГ – РАПИД 35:30 (18:13)

КАСТАМОНУ – СТОРХАМАР 28:33 (13:17)

ЛОКОМОТИВА – ЃЕР 16:27 (8:14)ФА

ЛИГА НА ЕВРОПА, 2 КОЛО

РЕЗУЛТАТИ

ПАРИЗ – ВАЛЧЕА 24:22 (10:10)

ШИОФОК – ДОРТМУНД 27:24 (13:11)

ПОДРАВКА – ДЕБРЕЦЕН 18:25 ( (7:11)

НИКОБИНГ – СОЛА 26;28 (13:12)

МОЛДЕ – БЕЗАНСОН 29:41 (15:17)

НАНТ – МОШОНМАЃАРОВАР 36:29 (18:15)

ФАНА – ИКАСТ 24:35 (15:15)

ВАЦ – ТУРИНГЕР 28:34 (13:21)