Јагањац има потрес на мозок, го заврши настапот на ЕП!

Поранешниот ракометар на Металург, Халил Јагањац доби повреда на дуелот против Србија во саботата, а информациите говорат дека станува збор за потрес на мозокот и дека за него Европското првенство е веќе завршено.

Јагањац веќе се наоѓа во Загреб, а со оглед на тоа што и претходно имал повреда на главата сериозноста на оваа повреда е голема и до крајот на шампионатот нема да се презема ризик така што тој останува под надзор.

Според информациите тој има челична мрежичка во главата вградена при операција во 2019 година кога како играч на Металург добил повреда после ударот на Сикошек Пелко од Вардар. Тој со лактот го удрил Јагањац во пределот на челото, но и после еден таков хируршки зафат успеа да се врати на теренот и да продолжи со играње.

Јагањац ја продолжува кариерата во Рајн Некар, но останува неизвесно колку ќе мора да паузира после потресот на мозокот поради кој го завршува порано Европското првенство.