Ѕирнете во соблекувалната – какви ритуали имаат ракометарките (ВИДЕО)

Од пред два дена стартуваше Европското првенство во три земји – Македонија, Словенија и Црна Гора.

Нашата женска репрезентација имаше старт со поразот од големиот фаворит за медал, селекцијата на Франција со 24-14.

Избраничките на Љубомир Савевски, за кои ова е прв настап на големо натпреварување, со многу емоции ја испеаја македонската химна пред мечот, а „црвено-жолтата“ боја ја имаат насекаде – на патиките, на ноктите…

Медиа тимот на ЕХФ „ѕирна“ во соблекувалната на Македонија и забележа дел од ритуалите…