Ѕвездата на ПСЖ вторпат завршува кариера – ќе продолжи да студира во Хонг Конг!

Шведскиот лев бек на францускиот ПСЖ, Ким Екдал Ду Риц, по вторпат реши да ја заврши ракометната кариера.

Неговиот договор со тимот предводен од Раул Гонзалес заврши оваа сезона и нема да биде продолжен.

30-годишниот Швеѓанец реши дека ќе ги продолжи своите студии на Универзитетот во Хонг Конг.

Претходно во 2017 година, Ду Риц како член на Рајн Некар Левен првпат ја заврши кариерата за да патува во светот и посети 15 земји.