Ѓукиќ против екс клубот: На теренот ќе докажеме дека Вардар е подобар тим

Ракометарите на Вардар ги очекува вториот натпревар од Лигата на шампионите, а прв Скопје, против белорускиот првак Мешков Брест.

Против екс клубот, ќе настапи српскиот репрезентативец Дарко Ѓукиќ, кој заедно со Гоце Георгиевски го сочинува дуото на десната крилна позиција.

„Задоволни сме од бодот со Елверум. Можевме и да победиме, но не погодивме во последниот напад. Норвешкиот клуб напредува од сезона во сезона, па еден бод од таму не е вооопшто лошо. Шансите против Мешков можеби се поголеми за нас, бидејќи ние ќе имаме поддршка од публиката. Двете екипи се силни. Во Брест главен играч е Сташ Скубе, а не смееме да му дозволиме да се разигра и мора да го запреме. Белорускиот клуб стигна до четвртфинале на ЛШ и секогаш е сериозен ривал. Секако дека сакам да победиме, но да кажеш е лесно, мораме да излеземе на терен и таму да докажеме дека сме подобри“, вели Ѓукиќ во интервју за рускиот портал „Брз Центар“.

Тој претходно беше дел од Металург на почетокот на неговата интернационална кариера.

„Беше лесно со адаптација, бидејќи веќе играв во Македонија. Го знам градот, луѓето, навивачите, јазикот. Кога Србите доаѓаат во Македонија е исто како за Руси кога одат во Белорусија. Но кај неколку соиграчи има проблеми со адаптацијата, а тоа се оние што првпат излегуваат на меѓународна сцена и досега играле само дома. Нив им е потешко, но тренерот Вујовиќ ја разбира ситуацијата и трпеливо чека. Мислам дека како ќе одминува времето, така се ќе биде уште подобро“, вели Ѓукиќ.

Натпреварот меѓу Вардар и Мешков Брест се игра утре во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 20:45 часот.