Ѓукиќ: Верувам дека во Скопје ќе се вратиме со бодови

Вардар отпатува за Елверум, Норвешка, каде утре го игра првиот натпревар од групната фаза од Лига на шампионите.

Десното крило Дарко Ѓукиќ се враќа во ростерот, откако не играше против Загреб во СЕХА лигата.

„Очекуваме тежок натпревар. Тие имаат млада екипа. И лани беше заедно со Вардар во иста група. Најсилна страна на Елверум е нивниот брз центар и нападот. Играат брзо, шутираат многу. Верувам дека ќе освоиме бодови. Се подготвуваме долго. И се надевам во Скопје ќе се вратиме со бодови“, изјави српскиот репрезентативец.

Средбата меѓу Елверум и Вардар е закажана за утре, 15 септември 2021 година со почеток во 18:45 часот.