Ѓорѓески одличен на голот, Будакалаш победнички ја заврши сезоната

Тимот на Будакалаш, каде што брани македонскиот интернационалец Даниел Ѓорѓески, имаше победнички крај на сезоната во унгарскиот шампионат.

Будакалаш славеше на гостински терен кај составот на Егер со 23-28, а големи заслуги за тоа имаше и нашиот чувар на мрежата.

Ѓорѓески на теренот мина 25 минути, а за тоа време успеа да запре седум удари на противничките ракометари.

Будакалаш сезоната ја завршува на осмото место, а Ѓорѓески го продолжи договорот и следната сезона ќе брани во Унгарија.