Ѓорче Петров му се реваншираше на Овче Поле СУ, му врати со камата

Ракометарките на Ѓорче Петров на свој терен беа убедливи на дуелот против екипата на Овче Поле СУ и дојдоа до триумф од 39:20 во натпревар од 12. коло од Групата Б и на тој начин се реваншираа за поразот на првиот двобој кој заврши со победа на Овче Поле СУ од 23:21.

Победникот беше решен уште во раната фаза на натпреварот кога домашната екипа имаше предност од 10:1. Гостинките од Свети Николе со голем број на технички грешки и промашени удари не можеа да го избегнат денешниот пораз. Ѓорче Петров на полувреме замина со предност од 23:9.

Во второто полувреме домаќинките не престануваа да ја полнат мрежата на гостинскиот тим. Полека, но сигурно во нападите, Ѓорче Петров одигра речиси без многу грешки и не наиде ни на најмал отпор од страна на противничката екипа.

Кај Ѓорче Петров сите ракометарки (освен двете голманки) се запишаа во листата на стрелци. Најефикасни беа Ана Марија Коларовска со седум и Симона Василева со шест погодоци. Во составот на Овче Поле СУ најефикасна беше Диана Димова со осум гола.

СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА – ГРУПА Б

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ12120036
2СТРУЖАНКА1270521
3ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.1270521
4АСТИБО123099
5ДЕСПИНА123099