Ѓер „краде“ играчи од најголемиот ривал

Европскиот шампион во минатите неколку сезони ги ангажираше Жужана Томори и Доротеја Фалувеги од големиот ривал ФТЦ, и оваа година ќе продолжи тој тренд.

Ново засилување за Ѓер ќе биде десното крило Викторија Лукач, која потпиша договор на три сезони со европскиот првак.

Лукач дојде во Ференцварош уште во 2010 година, само една сезона како позајмена мина во Шиофок, пред да се врати повторно во Ференцварош.

Со ФТЦ има освоено титули во домашниот шампионат и Куп, како и во Купот на победниците на Куповите.