Штрлек се премисли, сака пак да игра за Хрватска

Ракометарот кој пред почетокот на подготовките за Европското првенство во јануари одби да игра за репрезентацијата на Хрватска, Мануел Штрлек се премисли и сега размислува поинаку.

Тој одлучи да ја смени одлуката и да игра и понатаму за националниот тим, а играч од неговиот калибар секако е потребен иако се виде дека имаат замена.

„Ја Мануел Штрлек со овој допис го молам Собранието на Ракометниот сојуз на Хрватска и Управниот одбор на ХРС да ја укине одлуката поврзана за моето неиграње за репрезентацијата на Хрватска откако со својата одлука одбив да играм за репрезентацијата. Подготвен сум да се ставам на располагање на селекторот за претстојните репрезентативни акции“, вели Штрлек во својот допис до Ракометниот сојуз на Хрватска.

Останува да се види дали во ХРС ќе останат на одлуката и нема да го уважат ова барање. Со оглед на тоа што Гобац изјави дека додека е тој во ХРС, Штрлек повеќе нема да биде дел од националниот тим тешко дека ќе има одобрување. Сепак, останува да се види како ќе се одвиваат работите и што ќе се случува.

Хрватите ги очекуваат квалификации за Олимписките игри, па затоа секој ракометар им е потребен.