Штрлек: Ги знаеме и силните, но и слабите страни на Вардар

Веспрем имаше слабо издание во првото полувреме од полуфиналето против Мешков Брест, но во вториот дел успеа да обезбеди финале и нов дуел со Вардар.

Пред големото финале хрватското лево крило и играч на Веспрем, Мануел Штрлек имаше свој коментар за очекувањата од финалниот дуел.

„Сметам дека сите тимови го користат турнирот за да ја подигнат формата и одат во вистинската насока. Сепак мило ми е што се вративме на теренот и што ракометот повроно се врати. Ни недиостасуваат навивачите, не е исто без нив и се надевам дека наскоро ќе бидат на трибините со нас. Во однос на Вардар, нивниот тим претпре многу промени во текот на летото. Верувам дека ќе се подготвиме на вистински начин, да ги видиме нивните јаки и слаби страни. Одбраната освојува шамипонски титули, тоа сите го знаеме. Целта е да се браниме добро, а потоа да бидеме брзи во транзиција постигнувајќи лесни голови“. изјави Мануел Штрлек.

Финалето на СЕХА лигата за сезоната 2019/20 година,  помеѓу Вардар и Веспрем на програмата е во неделе со почеток во 20:30 часот, каде што унгарскиот тим ја има улогата на фаворит.