Што се случува со дрим-тимот на Алборг? Загуби три пати по ред по четири години!

Данскиот Алборг не игра според очекувањата на стартот на новата сезона. И покрај доаѓањето на Микел Хансен, Алборг не е на нивото на кое многумина очекуваа дека ќе биде.

Денеска Алборг беше изненадувачки поразен убедливо на домашен терен од составот на Архус со 31-24 во данскиот шампионат.

Избраниците на Ларс Мадсен предтходно загубија на домашен терен од францускиот Нант во Лигата на шампионите и на гости кај Колдинг во данското првенство.

Ова е прва низа од три порази по 2018 година, кога загубија од Кил, Скјерн и Целје. По две години загубија два пати по ред на домашен терен, откако во 2020 беа поразени од Веспрем и Барса.

Поразот од Архус е највисок на доомашен терен по пет години, откако беа поразени од ГОГ Гудме во 2017 година со 34-26.

Очигледно дека во Алборг ќе мора многу коцки да се поклопат тимот да си врати титулата во Данска и да обезбеди директно место во Лигата на шампионите во следната сезона кога доаѓаат Никлас Ландин и Симон Халд.