Што е следно за младинките – Македонија со директен пласман на СП 2024 и ЕП 2025

По неуспешниот настап на Европското првенство, женската младинска репрезентација не треба да се грижи за пласманот на следните две големи натпреварувања.

Иако Македонија го освои 15 место на континенталниот собир со триумф над Хрватска, сепак како домаќин се квалификува директно на следното СП 2024 година.

На Мундијалот од 19 до 30 јуни следната година во Македонија, ќе играат 32 селекции, меѓу кои и Македонија.

Покрај настапот на СП 2024 година, Македонија директно се пласира и на следното ЕП 2025 за младинки што ќе биде првото со 24 селекции.

Кадетките, кои ги чека настап на ЕП 2023 година, можат преку да обезбедат место на СП 2024, додека за ЕП 2025 ќе ги чекаат квалификации.