Штипјанки на промоција, официјално претставен ЖРК Астибо

Женскиот ракомет се врати во Штип после пет години откако тимот на Астибо се вклучи во суперлигашкото натпреварување, а вчера беше одржана свечена промоција на клубот.

Истиот е предводен од Дејан Величков, кој сезонава ги води ракометарките во Супер женската лига, а со промоцијата се стави до знаење дека станува збор за сериозен проект и дека клубот во следните години ќе се потруди да покаже добри резултати прво на домашна сцена.

Меѓу присутните на вчерашната промоција беа Градоначалникот на Штип, многу ракометни работници, како и ракометарките кои ги бранат боите на клубот.

Екипата на Астибо игра во Групата Б од Супер женската лига. Има еден поен од досега одиграните девет кола од првиот натпревар на домашен терен против Спартак кога одигра нерешено, 25:25. Сепак, со оглед на тоа што се работи за нов тим во вториот дел од сезоната ќе се очекуваат многу подобри резултати.