Штериова ја продолжува одличната форма, донесе нов триумф на Бузау

Македонската репрезентативка Марија Штериова продолжува да игра во одлична форма по камбекот на терените по повредата.

Штериова беше најдобар стрелец во триумфот на Бузау кај Стинта Букурешт со 24-33 во романскиот шампионат.

Левиот бек постигна шест гола, од кои три беа од пенал и беше меѓу најзаслужените за високата победа.

Тимот на Дунареа Браила беше поразен кај Миовени со 30-27, а за поразениот тим Јована Саздовска даде два гола од три обиди.

Тимот на Дева, каде играат Елена Ливриниќ и Сања Дабевска загуби кај Бистрица со 32-17, а Ливриниќ беше стрелец на три погодоци.