Штербик, Наѓ, Зорман, Тоскиќ, Брумен… пак ќе заиграат ракомет

Ракометарите кои оставија длабока трага во историјата на Целје и Веспрем, утре ќе одиграат натпеар во Целје во салата „Головец“ така што после неколку години најголемиот дел од нив одново ќе се најдат на терен.

Легендите на двете екипи заиграат ракомет и ќе може на дело да се види колкумина од нив се во форма иако веќе не се меѓу активните играчи.

Дел од ракометарите го имаат носено и дресот на Вардар како Арпад Штербик, Алем Тоскиќ, Матјаж Брумен и оставија трага во „црвено-црниот“ дрес.

Тоскиќ и Брумен ќе бидат во дресот на Целје каде што ќе настапат и Лука Жвижеј, Урош Зорман, Растко Стефановиќ, Душан Подпечан, Бено Лапајне, Урош Шербец, Роман Пунгартник, Бранко Бедековиќ, Томаш Томшиќ, Рок Празник, Роби Шафариќ и Марко Оштир.

Штербик ќе биде предводник на Веспрем заедно со Ласло Наѓ. Во тимот ќе бидат и Герго Иванчик, Тамаш Иванчик, Иштван Паштор, Нандор Фаекаш, Иво Дијаз, Римучин Шуч, Иштван Гулаш, Никола Еклемовиќ и Карлос Перез.

Натпреварот се игра утре од 17:30 часот, а го носи називот „Натпревар на легендите“.