Шпанија и се реваншираше на Португалија

Машката репрезентација на Шпанија и се одмазди на Португалија за поразот во првиот пријателски натпревар пред заминувањето за Токио.

Избраниците на Жорди Рибера во Виго ја совладаа Португалија со убедливи 38-32, откако и на полувремето имаа убедлива предност, 21-14.

Најдобри стрелци во победничкиот состав беа Гомез со седум, како и ветеранот и повратник во националниот тим, Гарсија Робледо со пет погодоци.

Вардарецот Едуардо Гурбиндо даде еден гол, додека кај Португалците се истакна Салина со пет погодоци.