Шпанецот Дику не издржа долго во Рајн Некар Левен

Рајн Некар Левен потврди дека го раскинал договорот за позајмица со десното крило на Барселона Мамаду Дику.

22-годишниот ракометар оваа сезона се пресели во Бундеслигата, но не ги исполни очекувањата и не стана важен дел од германскиот тим. Договорот за позајмица на Шпанецот со сенегалски корени беше до летото 2024 година.

„Сите знаеме дека тешко им е на младите играчи кои доаѓаат во Барселона. Имаме многу такви примери. Тука се игра на високо ниво, посебно во однос на физичката сила. Оваа задача беше премногу тешка за Дику“, изјави директорката на германскиот клуб, Џенифер Кетеман.

Шпанецот оваа сезона одигра 10 натпревари за „лавовите“ и постигна 23 гола. На местото на Дику во првиот тим на Рајн Некар ќе се приклучи Никлас Михалски кој беше дел од вториот тим.