Шкоф: Малку сум постар, затоа Томовски ќе биде во прв план!

Репрезентативниот чувар на мрежата на Македонија, Мартин Томовски, следната сезона ќе ја одработи втората година од договорот со бундеслигашот Лудвигсхафен.

Негов конкурент е словенечкиот голман Горазд Шкоф, кој има 43 години, и вели дека Македонецот ќе добива поголема шанса.

„Малку сум постар, затоа треба повеќе да го туркаме Мартин Томовски во прв план. Тој мора да добие поголема минутажа на голот“, изјави Шкоф.

Од Лудвигсхафен си замина третиот голман, Стефан Ханеман, па Томовски ќе има уште поголем простор за настап.