Шишкарев: Публиката не врати во мечот, заедно покажавме карактер

Вардар и Келце денеска ремизираа во 7. коло од Лигата на шампионите со 28:28, а од овој резултат на крајот задоволни беа и едниот и другиот тим.

После средбата претставник на играчите на Вардар беше Данил Шишкарев кој имаше добар натпревар исто како и неговите колеги.

„Сите кои бевме на терен дадовме сè од себе и сакавме да победиме. Против Келце секогаш играме тешки средби. И ние и Келце покажавме голем карактер дека до крај играме на победа. Ова беше тешко второ полувреме за нас бидејќи после три гола негатива успеавме да се вратиме. И благодарам на публиката која не држеше во игра и не остави во можност. Имавме шанса и за победа, но се случи што се случи. Се подготвуваме за Келце и ќе видиме што ќе се случи таму“, рече после натпреварот Шишкарев.

Ова значи дека на вториот дуел ќе биде сосема поинаку, па ќе мора да се подготви сосема поинаква тактика за подобар резултат.