Шишкарев: Минав шест убави години во Скопје, мечот со Вардар ќе биде специјален за мене!

Ракометарите на Вардар в четврток ги очекува првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против унгарскиот Веспрем.

Десното крило Данил Шишкарев, кој играше шест сезони за Вардар, вели дека овој меч ќе биде специјален за него.

„Веќе игравме во финалето на СЕХА лигата против Вардар, но тоа беше во септември во Хрватска, па овој меч во Скопје ќе биде специјален за мене. Поминав шест убави години во Скопје и знам колку е тешко да се игра таму, но ако се подготвиме добро, може да имаме успех. За мене ќе биде одлично да се видам со сите пријатели уште еднаш“, вели Шишкарев.

Натпреварот меѓу Вардар и Веспрем се игра в четврток во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:45 часот.