Шилаги: Пандемијата трае, не сум сигурен дека Лигата на шампиони ќе почне во септември

Директорот на екипата на Кил и поранешен ракометар на овој тим, Виктор Шилаги во последниот коментар изразува загриженост околу новата сезона и смета дека ќе биде тешко натпреварите од Лигата на шампионите да стартуваат според предвиденото.

Тој смета дека тешко ќе може првите натпревари да бидат одиграни на средината на септември.

„Не сум сигурен дека турнирот ќе почне во септември со оглед на епидемиолошката ситуација во Европа. Многу е важно да се следат некои мерки на внимателност што се применуваат денес. Се разбира, ние нема да ги изложуваме нашите членови на никаква опаснсот и да се упатиме кон некоја друга земја која е потенцијална опасност за здравјето на членовите на Кил“, вели Шилаги.

Ова значи дека ЕХФ ќе мора добро да размисли пред стартот на сезоната што ќе се случува. Доколку се остварат најавите за зголемување на бројот на заболени и мерките почнат да се засилуваат тогаш ќе биде навистина тешко да се игра и во новата сезона.