Шевелев мора на операција, Еурофарм Пелистер ќе се потпре на Маркоски и Граџан

Македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер на стартот на пролетниот дел од сезоната нема да смета на услугите на украинскиот репрезентативен пикер Олександр Шевелев, која мора да оди на операција на менискусот.

Тоа ќе го оддалечи од ракометните терени на одреден период, но би требало да биде подготвен за завршните битки во плеј-офот од Супер лигата и Купот на Македонија во април и мај.

Новиот стратег на битолчани, Жељко Бабиќ, на натпреварите со Нексе во осминафиналето од СЕХА лигата ќе се потпре на услугите на македонскиот репрезентативец Никола Маркоски, како и на босанскиот пивотмен Елмир Граџан.

Првиот дуел се игра во Нашице на 1 февруари, додека реваншот е во салата „Боро Чурлевски“ во Битола на 12 февруари.