Швеѓаните ќе патуваат за Египет, но нема да имаат нови играчи

Репрезентативците на Шведска добија позитивни вести од страна на докторскиот тим откако новите тестови дадоа негативни резултати така што освен заразените Андреас Линдског и Албин Лагергрен, сите други ќе можат да патуваат за Египет.

Лагергрен допатува за да го засили составот на Шведска, но веднаш мораше да направи брз тест. Резултатот беше позитивен така што мораше експресно да го напушти местото и немаше контакт со никого освен со тимскиот доктор кој го направил тестот според сите безбедносни протоколи.

„Брзиот тест е 99% сигурен. Се согласивме со докторот за контрола на инфекции во регионот дека е најдобро Лагергрен да не останува со нас. Тој се враќа дома, а ние продолжуваме да работиме строго според утврдениот план за контрола на инфекции и ова покажува дека работиме максимално за да можеме да ги избегнеме сите контакти на заразеното лице со другите членои на тимот“, вели докторот Даниел Герхаг, кој и во следните денови ќе ги тестира играчите и членовите на тимот кои треба да заминат за Египет.

Информациите се дека Швеѓаните заминуваат за Египет во вторник така што нивното учество повеќе не е доведено во прашање, а на местото на Лагергрен во селекцијата останува Џек Турин, кој беше повикан само за квалификациите со Црна Гора, но ќе патува и во Египет.