Швеѓаните лесно против Алжир, со Словенците ќе одлучуваат за патникот на ОИ

Селекцијата на Шведска по ремито со Германија во првото коло од квалификацискиот турнир за Олимписките игри, во второто оствари триумф.

Избраниците на Глен Солберг немаа никакви проблеми и убедливо го победија африканскиот противник со 36-25.

Победникот беше познат уште по првиот дел, кога светскиот вицепрвак водеше со 19-10, а во второто полувреме ги штедеа силите за клучниот меч со Словенија.

Најдобри стрелци во Шведска беа крилата Мелегард и Екберг со по шест постигнати погодоци, кај Алжир се истакнаа Зохир и Абди со по пет гола.

Сега Шведска со Словенија во меѓусебен двобој ќе реши за вториот патник од оваа група на А. На светскиот вицепрвак му е доволен и бод.