Шведски арбитри ќе го судат реваншот меѓу Веспрем и Вардар

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за реванш натпреварите од осминафиналето во Лигата на шампионите.

На дуелот меѓу Веспрем и Вардар, делегирани се шведските арбитри Мирза Куртагиќ и Матијас Ветервик.

Делегат на натпреварот ќе биде Татјана Медвед од Србија, некогашна ракометарка на Кометал Ѓорче Петров, која беше дел и од „црвено-црното“ семејство.

Натпреварот меѓу Веспрем и Вардар се игра во „Веспрем Арена“, в среда на 6 април со почеток од 18:45 часот.