Шведски арбитри за Македонија на дуелот против Чешка

Европската ракометна федерација ги делегираше судии за натпреварите од второто коло на групата што се игра во австриската престолнина Виена.

На средбата меѓу Македонија и Чешка, правдата ќе ја делат шведските арбитри Мирза Куртагиќ и Матијас Ветервик.

Натпреварот меѓу Австрија и Украина ќе го судат судијките од Франција, Шарлот и Жули Бонавентура.

Македонија и Чешка ќе го отворат утрешниот ден во „Штадхале Арена“ со почеток во 16:00 часот.