Шведска ја декласираше Полска, за дваесетина минути реши сè

Репрезентацијата на Шведска продолжува со добрите игри на Евопското првенство, а особено фантастично издание Швеѓаните имаа na вториот натпревар од главната рунда на кој ја совладаа Полска убедливо со 28:18.

Неизвесноста на натпреварот траеше многу кратко односно до 12. минута кога Полска намали на 5:6. Следуваше серија на Шведска, Ване, Клар и Петерсон погодија за водство на Швеѓаните од 10:5 во 22. минута.

Кризата на Полска продолжи до крајот на првото полувреме и за дваесетина минути постигнаа само еден гол. Не успеваа да реализираат во напад и правеа многу грешки. Ова, искусните Швеѓани знаеја да го искористат и на полувреме имаа предност од 14:6 и веќе ја обезбедија победата.

Во продолжението се играше во слаб ритам без многу борба, тренерот на Шведска имаше можност да ги одмори своите најголеми адути, но и покрај тоа веќе во 37. минута беше 12 разлика, 19:7. До крај натпреварот беше формалност и требаше само да се доигра, а Полска успеа малку да го ублажи поразот.

Најефикасни со по четири гола беа Мелегард, Ване и Петерсон, а на голот одличен беше младиот Тобиас Тулин со 11 интервенции. Во тимот на Полска најефикасни со по пет гола беа Морито и Крајевски. Шведска има четири бода и е зад Шпанија, додека Полска останува без бодови во главната рунда.

21 јануари 2022
18 - 28
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
21 јануари 2022 20:09 EURO22 2GRUPA 2021/2022 21.01.2022 60'

Место

„ОНДРЕЈ НЕПЕЛА“ БРАТИСЛАВА

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ПОЛСКА618Пораз
ШВЕДСКА1428Победа

ПОЛСКА

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Матеуш Корнецкиголман00
2Дамијан Пжитулалев бек10
3Михал Дашекдесно крило00
4Пјотр Једрашчукцентрален бек00
5Михал Олејничакцентрален бек01
9Симон Сичколев бек01
12Пјотр Пјетрашиклев бек00
19Јан Чуваралево крило00
20Мациј Пилитовскицентрален бек00
21Камил Шипжакпивот03
23Аркадиуш Моритодесен бек05
26Пжемислав Крајевскилево крило05
30Рафал Пжибилскидесен бек01
36Давид Давиџикпивот12
40Матеуш Зембжицкиголман00
49Пјотр Чрапковскилев бек10
 Вкупно 318

ШВЕДСКА

# Играч Позиција Исклучување Голови
2Јонатан Карлсбогардлев бек00
3Исак Персондесно крило03
4Емил Мелгардлево крило04
6Феликс Мелерпивот00
12Андреас Паличкаголман00
15Хампус Ванелево крило04
18Фредрик Петерсонпивот04
19Феликс Кларцентрален бек11
23Албин Лагергрендесен бек02
24Џим Готфридсонцентрален бек03
30Тобијас Тулинголман00
32Оскар Бергендалпивот02
33Лукас Санделдесен бек02
42Ерик Јохансонлев бек03
49Карл Валиниуслев бек10
62Валтер Хринцдесно крило00
 Вкупно 228

ЕП 2022, ГРУПА 2 – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ДАНСКА54018
2ШВЕДСКА53026
3СЛОВЕНИЈА53026
4ПОРТУГАЛИЈА52125
5НОРВЕШКА52034
6ХОЛАНДИЈА50141