Шведска го демолира Иран, Македонија мора до реми или победа над Исланд!

Според очекувањата, селекцијата на Шведска славеше убедливо против Иран со 39-19 и се израмни со бодовите со нашата репрезентација.

Сепак по огромниот триумф, Швеѓанките сега имаат подобра гол разлика од Македонија, +15 наспроти +12 на нашите ракометарки.

Тоа значи дека за Македонија да се пласира во четвртфиналето на Мундијалот, ќе мора да одигра најмалку реми или да го победи Исланд.

Натпреварот меѓу Македонија и Исланд се игра вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 20:30 часот.