„Шансите се 50-50, ќе беше потешко за нас ако игравме пред гласните навивачи на Вардар“

Вардар вечерва го игра реваншот од четвртфиналето на СЕХА лига против хрватскиот Нексе Нашице.

Предноста од еден гол од првиот меч, 31-30, не гарантира пласман на завршниот турнир во Задар за Вардар, а гостите од Хрватска се уверени дека шансите се еднакви.

„Среќни сме што ќе стартуваат натпреварите во СЕХА. Трениравме напорно, игравме неколку пријателски натпревари. Мислам дека шансите се 50-50. Мислам дека ќе биде полесно за нас што ќе играме пред празни трибини отколку пред гласните навивачи на Вардар. Мораме да бидеме фокусирани на нашата игра, да одиграме најдобро што знаеме и да се пласираме на завршниот турнир“, вели Баришиќ Јаман.

Натпреварот меѓу Вардар и Нексе игра вечерва во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 20:15 часот.