Шампион за малку ќе направеше од готово-вересија, Преспа остана со празни раце

Тимот на Шампион ја оствари првата победа во Првата лига, откако славеше против Преспа со 23-21.

Во првиот дел се играше гол за гол до 8-8, но во финишот на полувремето, домашните преку Мајстороски и Апостоловски стигнаа до плус два, 10-8.

Во второто полувреме Преспа парираше до 15-14, но потоа серија на Шампион за плус четири, 18-14, а избраниците на Слободан Чивлачки стигнаа и до плус шест, 23-17 на шест минути до крајот.

Тука следуваше период на опуштање, ресенци намалија на 23-21, а промашија и пенал во последната минута за да го направат уште повозбудлив финишот. Немаше време за нешто повеќе и бодовите останаа за Шампион.

Најдобри стрелци кај Шампион беа Апостоловски со шест и Манојловски со пет, додека кај Преспа по пет пати погодоција Шабединовски и Божиновски.