Шампион го чува врвот, обезбеди лесни бодови против Куманово

Составот на Шампион стигна до победа од 35:27 против Куманово и на тој начин се одржа на врвот во плеј-офот од Првата машка лига.

Во две полувремиња со сосема различен ритам, Шампион успеа да стигне до триумф откако во вториот дел го наметна својот ритам и дојде до убедлива победа.

Првиот дел од натпреварот мина во израмнета игра. Шампион беше во предност, но гостите од Куманово успеваа да израмнуваат. Таквата игра донесе до 15:15 на одмор, а потоа уште на стартот на второто полувреме Шампион поведе со 18:15.

Како што одминуваше времето разликата растеше постојано. Шампион одеше кон висок триумф, а гостите не можеа да следат. Разликата дојде до осум гола и на крајот домашните славеа со 35:27 со што се одржаа на врвот и остануваат во конкуренција за прво место. Сосема извесно е дека ривал останува само тимот на Скопје 2020.

ШАМПИОН – МРК КУМАНОВО                35:27 (15:15)

Сала: „Методија Андонов Ченто“ во Скопје. Судии: Ѓорѓи Василевски и Иван Јовановски од Скопје. Делегат: Сашо Младенов од Скопје.

ШАМПИОН: Ангелов, Ацев, Дрпљанин 8, Игнов 7, Кочаров, Манојлоски 2, Канг 2, Мишоски, Даев 4, Крстевски 1, Олтовски 3, налетовски, Миланов 3, Стојановски 5

Седмерци: 2/2, Исклучувања: 10 мин.

МРК КУМАНОВО: Трајковски, Димитријевски, Кузмановски, Лазов 1, Димитров 4, Бошковски 1, Цветковски 1, Миладиновски 10, Стојмановски 2, Даневски 3, Трајчевски 4, Поповски 1.

Седмерци: 3/5, Исклучувања: 6 мин.