Чупиќ: Очекувам победа над Вардар од еден или два гола разлика

Хрватскиот шампион Загреб во новото коло од Лигата на шампионите ќе се соочи со составот на Вардар. И за двата тимови овој натпревар е многу важен за зголемување на шансите за пласман во осминафиналето во најквалитетното европско натпреварување.

Поранешниот член на Вардар, Иван Чупиќ, очекува тежок натпревар и победа за неговиот тим од најмногу два гола разлика.

„Овој натпревар ќе биде многу тежок за играње, свесни дека сме во ситуација овие два бода да значат многу за она што не очекува во понатамошниот тек од сезоната. Целта ни е да ја поминеме групата, како што стојат работите моментално, еден од нас нема да оди понатаму. Во екипата ни се враќа Давид Мандиќ. Ќе бидеме поквалитетни и мислам дека тој е многу важен играч за нас. Вардар е добар тим, играат добро, иако можеби табелата не го покажува тоа. Верувам дека ќе бидеме подобри за еден до два гола и дека ќе ги освоиме тие два бода и ќе направиме напредок за едно место на табелата“, изјави Чупиќ.

Натпреварот меѓу Загреб и Вардар се игра в среда со почеток во 20:45 часот.